Почетна

Резултати

Нема промени на резултатот или нема натпревари
Резултати - Во тек | Резултати - Сите денешни

Новости

Надал и Ивановиќ носители на УС ОПЕН

20.08.2008

Тенисерот број 1, шпанецот Рафаел Надал и Ана Ивановиќ од Србија се поставени како носители на рестојниот четврти ипоследен грен слем турнир - УС Опен, или поточно Отвореното првенство на САД. На овој начин за прв пат Надал кој оваа сезона ги освои „Роланд Гарос“ и „Вимблдон“ ќе ја има улогата на прв носител на еден турир од големата четворка.

Како што е познато Надал дебитира на првата позиција на АТП ранг листата симнувајќи го Рожер Федерер кој беше прв цели 239 недели. Кај жените Ана Ивановиќ ќе биде носителка откако за една недела се врати на врвот на ранг листата пред својата сонародничка Јелена Јанковиќ.

Како трета носителка е пос...

Повеќе »

Рамазанов загуби во репасажот

19.08.2008

Македонскиот олимпиец Мурат Рамазанов загуби во 2. коло од репасажните борби на ОИ во Пекинг. Нашиот борач во категоријата до 60 килограми се бореше против Хусеинов од Азербејџан од кого загуби со 3:1 на поени и со тоа го заврши настапот на ОИ во Пекинг.

Претходно, Рамазанов победи против Одабаши од Турција и Јонг Дае од Јужна Кореја, а во четвртфиналето загуби од русинот Мавлет Батиров кој обезбеди пласман во полуфиналето.

И покрај овој пораз, Рамазанов имаше добар настап на оваа Олимпијада и оствари најдобар резултат меѓу сите наши олимпијци.


Бекам доби нов тренер

19.08.2008

Поранешниот американски фудбалски селектор Брус Арина од утринава е нов тренер на американскиот прволигаш Лос Анџелес Галакси.

Најуспешниот стручњак во САД ќе го наследи Руд Гулит на оваа функција, откако минатата недела Гулит и генералниот менаџер Алекси Лалас се повлекоа од своите позиции во овој клуб.

Утринава, Арина е назначен за нов предводник на тимот каде настапува големата звезда Дејвид Бекам, а интересно тренерот ќе ја извршува и функцијата генерален менаџер. Галакси немаат победа во последните 8 натпревари.

Њукасл му понуди рекорден договор на Овен

19.08.2008

Менаџерот на Њукасл Јунајтед Кевин Киген му понудил 21 милион фунти на најдобриот фудбалер на оваа екипа Мајкл Овен. големата звезда на англискиот фудбал и повремен репрезентативец добил понуда за неделна плата од 140.000 фунти во наредните 3 години.

Сопственикот на Њукасл Мајк Ешли потврди дека неговиот клуб е подготвен да го направи Овен еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата, а новата понуда е подобрена за 40.000 фунти неделно.

Вкупната сума од 21 милион е најголемата која му е понудена на некој фудбалер во клупската историја.




Архива на вести »
извор на спортските вести: Спортско радио 90.3 FM